Усмртен пешак од 18-годишник со „пасат“

by Fokus

Нова несреќа се случи на македонските патишта, откако вчера на регионален пат во Враништа, струшко, автомобил „фолскваген пасат“ управувано од 18-годишник, прегазил 54-годишен маж од Струга.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, каде што подоцна починал”, информираат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Струга.

Поврзани новости