Условна казна за поранешниот советник на Чулев кој пцуеше и нападна командир во Тетово

by fokus 16:10
16:10

Советникот на поранешниот технички министер, Наќе Чулев, Зоран Ѓорѓиевски доби условна казна затвор, односно казна затвор од две години, која нема да се изврши ако за пет години не направи ново кривично дело, за нападот врз командир во Тетово.

Претходно Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Ѓорѓиевски кој беше вработен како советник во Кабинетот на министерот, а на позицијата беше поставен во периодот на техничката влада, кога на чело на МВР беше Наќе Чулев.

- Advertisements -

Ѓорѓиевски доби отказ по спроведената дисциплинска постапка против него откако на денот на предвремените парламентарни избори, на 15 јули беше снимен како го пцуе се и се обидува физички да го нападне командирот од Тетово, Зоран Талев.

Дисциплинската комисија утврдила дека на денот на изборите Ѓорѓиевски отишол на местото каде се вршел увид на сообраќајна незгода, каде што се наоѓале командирот Талев и уште двајца полициски службеници, и на дрзок начин со навреди и пцовки се нафрлил Талев и се обидел физички да го нападне.

Поврзани новости