Условна казна за маж и жена од Германија кои сакале да излезат од државата со фалсификувани ПЦР тестови

by fokus 13:33
13:33

Маж и жена од Германија се осудени на условна казна затвор бидејќи од државата сакале да излезат со фалсификувани тестови за Ковид-19, информираат од Обвинителството.

-Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против маж и жена, државјани на Република Германија по потекло од Косово, кои се товарат за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

- Advertisements -
Banner 300x250_

На 22 февруари, на Меѓународниот аеродром Скопје, на граничниот премин при излез од државава, пред овластените службени лица за проверка на пасошите, двајцата сопружници употребиле лажни потврди за негативни ПЦР-тестови за SARS-CoV-2 вирус. Иако знаеле дека потврдите на кои стоело дека се издадени од една лабораторија во Скопје се лажни, тие ги прикажале како вистински.

По признание на вина, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда за двајцата обвинети, огласувајќи ги за виновни и им изрече условна осуда – казна затвор во траење од две години, која нема да се изврши доколку обвинетите за време од пет години не сторат ново кривично дело. Во исто време, на обвинетите им е изречена и казна – протерување од територијата на Република Северна Македонија во траење од пет години, информираат од Обвинителството.

Поврзани новости