Се зголемува бројката на заразени во Делчево, уште три нови случаи на Ковид 19

by Fokus

Уште три нови позитивни на Ковид-19 во Делчево, со што бројката на активни случаи за неколку денови се искачи на вкупно шест, а се чекаат резултати од уште 10 тестирани пациенти, информираа од Здравствениот дом во Делчево.

-Новите тројца пациенти кај кои е утврдено присуство на Ковид-19 се без симптоми и се во добра здравствена кондиција. Едно лице од тестираните е негативно додека за останатите 6 тестови допрва ќе бидат соопштени резултатите. Денес дополнително се направени 3 тестирања за кои исто така очекуваме резултати, истакнаа од Здравствен дом ,,Гоце Делчев” во Делчево.

Од таму упатија апел да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.

Заклучно со денешниот ден во Делчево има 6 активни случаи на Ковид-19.

Поврзани новости