Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен, информираа од министерството за здравство.
Во ГОБ „8 септември“ по прием е починат пациент (53г) од Ресен. Починат е пациент од Скопје (61г), лекуван болнички до 23 јуни. Во болницата во Штип починаа две лица, пациент (80г) хоспитализиран на 5 јуни и пациент (75г) хоспитализиран на 24 јуни.
Во ОБ Охрид почина пациент (68г) години, хоспитализиран на 23 јуни. Денеска институтот евидентира и претходно починат пациент од Тетово (79г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5595, бројката на оздравени пациенти е 2166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3164.