Скопското обвинителство очекува известување од Министерството за внатрешни работи, дали осомничениот за убиството на ракометарот, Денис Тот се наоѓа во државата.
Ако се утврди дека тој избегал, ќе биде распишана и меѓународна потерница, велат од Обвинителството за „Фокус“
-За осомничениот кој се уште е недостапен на органите на прогонот мерката ќе започне да се применува од неговото приведување. Во тек е постапката за пронаоѓање и лишување од слобода на осомниченото лице. По распишаниот централен распис, Основното јавно обвинителство Скопје очекува известување од Министерството за внатрешни работи дали лицето се наоѓа во државата. Доколку се утврди дека тој ја напуштил државата, ќе биде распишана и меѓународна потерница, велат од обвинителството за „Фокус“.
Од Министерството за внатрешни работи објаснуваат пак дека за да објават централна или меѓународна потерница треба да имаат насоки од обвинителство или од судот.
Засега првоосомничениот се бара само во државава иако најверојатно е роден во Словенија и веќе има информации дека сторил кривични дела таму. Од нашето МВР не кажуваат дали има некои кривични дела во Македонија.
За нападот на Тот во притвор се две лица, кои заедно со првоосомничениот го нападнале пред дискотека во Скопје. Тот беше примен на КАРИЛ без срцева акција каде почина.
Ф.Ф.С.