Уште ќе бевме заедно со Витни ако не се дрогиравме, кажа Боби Браун во неговиот документарен филм

by Fokus

,,Биографија- Боби Браун” е насловен документарниот филм во два дела, чија прва епизода беше промовирана вчера, а пак втората ќе биде денес, на A&E телевизија и може да се следи онлајн.

Во документарецот популарниот музичар Боби Браун (53) раскажува за својот живот, за почетоците во музиката, за големата слава, но и за дрогата чија цена скапо ја платил.

Тој беше поранешен сопруг на Витни Хјустон, пејачката која е најнаградуван женски изведувач на сите времиња според Гинисовата книга на рекорди, а која почина во 2012 година на 48-годишна возраст, кога поради предозираност беше пронајдена потопена во кадата, во хотелска соба.

Три години по нејзината смрт, истата судбина и се случи и на ќерка и Боби Кристина Браун (22), нејзиното единствено дете кое го доби од бракот со Боби Браун.
И Кристина поради предозираност беше пронајдена во када полна со вода, во кома, а почина по неколку месеци во болница.

За тоа дека дрогата го уништила неговиот брак, Боби Браун искрено раскажува во документарниот филм. Појаснува дека и двајцата со Витни се дрогирале, и покрај тоа што многу се сакале, сепак не успеале да излезат од пеколот на дрогата.

-Ако не се дрогиравме, уште ќе бевме заедно. Таа ме гледаше со таква љубов, за целото време додека бевме бевме заедно, сите години, љубовта во нејзиниот поглед беше иста. Дрогата ни го одзеде најдоброто – вели музичарот.

И неговиот син од врската со поранешната партнерка Ким Варанд, Боби Јуниор, почина лани поради предозираност со кокаин и алкохол, на свои 28 години.

Боби има уште пет деца, од различни партнерки. Раскажа дека се чувстува виновен и поради смртта на синот, бидејќи поради своите минати искуства со дрогата, бил лош пример за него.

В.К.

Поврзани новости