Уште едно дете со висок шеќер во крвта примено на Детската клиника

by Fokus

Дете од Охрид со дијабетес тип 1 е примено попладнево на Клиниката за детски болести, стабилно е и не е во животозагрозувачка состојба, изјави за МИА ендокринологот Марина Крстевска Константинова од Клиниката за детски болести.

Таа рече дека станува збор за дете на возраст од девет години на кое кога го примиле резултатот од измерениот шеќер во крвта му бил 14.

– Ќе го ставиме на инсулинска терапија која мора да ја прима. Од Општата болница во Охрид беше препратено. Таму му бил утврден дијабетес. Сите деца со дијабетес тип 1 се препраќаат на Детската клиника за да им се одреди терапија и начин на исхрана и да се едуцираат родителите за терапијата која мора да ја прима детето, рече Крстевска Константинова и додаде дека зависно од состојбата најчесто на Клиниката остануваат една недела.

Станува збор за четврти случај на дете со дијабетес донесено на Клиниката за детски болести за само една недела.

Поврзани новости