Градоначалникот на Ново Село обвинет за шверц на цигари доби затворска казна од 18 месеци

by Fokus 17:17
17:17

По денешната главна расправа, струмичкиот суд ги изрече пресудите за градоначалникот на Ново село – Боро Стојчев и останатите лица кои на 10 јули беа фатени на локалитетот Попова чука како пренесуваат цигари. Како што информираа од судот, градоначалникот Стојчев е осуден на казна затвор од година и шест месеци додека неговиот син и внук добија казна затвор од еден година. Заради здравствени причини сопругата на градоначалникот доби условна казна, а лицето кое требало да го набљудува теренот од полиција, доби осумесечна казна затвор.

Основното јавно обвинителство пред денешната расправа го измени обвинението и на осомничените не им се судеше за занимавање со криумчарење туку за кривично дело обид за пренесување непријавена стока.

- Advertisements -

Сите обвинети го признале кривичното дело заради што имаат право на жалба до апелација во Штип единствено за висината на казните. Според пресудата се укинува и мерката притвор за што обвинтиелството има право на жалба

Градоначалникот на Ново село со неговите најблиски беше фатен два километри пред македонско – бугарската граница како во две теренски возила превезуваат 33 илјади кутии цигари од марката Калипсо во висина од милиони и 200 илјади денари.

Поврзани новости