Уште едно бегство: Осудениот гинеколог Дамчевски „му ја дувна“ од Македонија

by fokus

По бегството на екс-премиерот Никола Груевски, уште едно бегство се случи од нашата држава.

Гинекологот Никола Дамчевски, кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена избегал од Македонија, пренесува НОВА.

Наместо да оди да ја издржи казната затвор во траење од две години, пресуда која е извршна, тој им избегал на македонските правосудни органи.

Освен казната затвор која Апелациониот суд ја потврди и ја зголеми од 1.6 месеци на 2 години, Дамчевски има и забрана за вршење на дејноста во траење од осум години.

Според информациите на НОВА, гинекологот Дамчевски е во Бугарија и слободно работи како гинеколог во државниот Медицински центар „Мајчин дом“.

Поврзани новости