Наградна игра: „Активирај NLB Pay и освои Samsung S9!“

by fokus

НЛБ Банка во периодот од 05.12.2018 до 15.01.2019 година организира наградна игра за сите корисници на NLB Pay мобилниот паричник.

Наградната игра се однесува на сите нови и постоечки корисници на NLB Pay мобилната апликација. Наградната игра е наменета за физички лица, постојни корисници на NLB Pay, како и за новите корисници кои во периодот на наградната игра ја имаат активирано NLB Pay мобилната апликација и имаат дигитализирано барем една НЛБ Mastercard картичка.

Во рамките на наградната игра ќе бидат доделени 112 дневни награди (дневно по два добитници на Bluetooth слушалки и два добитници на полнач за мобилен телефон) и 6 неделни награди – мобилен телефон Samsung S9.

Извлекувањето на наградите ќе се одвива секој работен ден а добитниците ќе бидат објавувани на www.nlb.mk

Последното извлекување ќе биде спроведено на 16.01.2019 година.

Повеќе информации за наградната игра може да се добијат на веб страницата http://www.nlb.mk, во најблиската експозитура на Банката или на телефон 02/ 15 600.

Поврзани новости