487
Студот зема уште една жртва во Македонија. Струмичанец на 60-годишна возраст вчера бил пронајден мртов пред својот дом. Тој живеел сам на улицата Пиринска, а безживотното тело пред влезната врата го забележале соседите.
Семејството вели дека првичните информации се дека починал од студ.
Ова е втор смртен случај во два дена, а првата жртва e бездомник од 68 години, кој вчера беше пронајден мртов во скопски Аеродром.