ЕУ: Стабилна влада за итни реформи

by fokus

Брисел будно ги следи случувањата на македонската политичка сцена и очекува брзо формирање на нова, стабилна влада. Ова го изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, која одби да коментира нешто повеќе на новинарските прашања.

-Тоа што во моментов можам да го кажам е дека одблизу ја следиме ситуацијата и, како што и претходно рековме, очекуваме брзо формирање на влада во рамки на уставните рокови, односно нова стабилна влада. Но, мора да видиме и итно спроведување на реформи кои ќе се однесуваат на владеењето на правото, како и спроведување на реформските приоритети и продолжена имплементација на претходните политички договори. Во овој контекст, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме земјата во нејзиниот европски интеграциски процес. Тоа е сè што можам да кажам во моментов- рече Коцијанчич.

На прашањање за формирањето и содржината на заедничката платформа на алабанските парти во Македонија, Коцијанчич рече дека Европската Комисија засега нема коментар.

Поврзани новости