Уште еден напад на ајкула се случи во популарното летувалиште Хургада.
Откако австриската пензионерка Елизабет Скваер (68) почина по страшен напад на ајкула во египетско одморалиште, австрискиот портал „Хауте“ пишува дека денеска се случил уште еден напад во близина на Хургада во кој животот го загубила уште една жена.
Веста за смртта на втората жена ја потврди и египетското Министерство за заштита на животната средина, со што ги потврди шпекулациите кои вчера се појавија на социјалните мрежи.
По фаталниот напад на ајкула во петокот, египетското Министерство за животна средина денеска извести дека втора жена била нападната и убиена од ајкула. Овој инцидент се случи јужно од приморското одморалиште Хургада, на само 500 метри од првиот напад.
Според првичните информации, втората жртва е од романска националност.
Вториот напад на ајкула го пријавил и новинар на „20 минути“, кој таму е на одмор. Двата инцидента се случиле на оддалеченост од околу 500 метри.
Министерството покрена истрага за инцидентот и ја затвори плажата на три дена. Водните спортови, како што се нуркање, ханг-плајдинг и сурфање на ветер не се дозволени во областа во овој период, се вели во соопштението.
Министерството во соопштението наведува дека е формирана комисија која ќе ги испита околностите на нападот и сите научни причини зад него.