414
Откако синоќа беше обелоденето дека Бојан Јовановски и 1ТВ ќе го покрие лекувањето на малата Софија Караманолева, денеска Македонија доби уште една радосна вест.
14 годишниот Дарио Павлов од Кочани ќе може да оди на третмани во Грција, откако се собраа средства за негово лекување.
Оваа информација за „Фокус“ ја потврди претседателот на првата детска амбасада „Меѓаши“, Драги Змијанац. Тој ги посетил бабата и дедото на Дарио, кои му ја пренела убавата вест.
На Дарио пред пред две години му било дијагностицирано ецефалитис-трансферзален миелитис – воспаление на рбетниот мозок, а благодарение на хуманите граѓани тој ќе запоне на лекување во Грција, кое ќе чини околу 30 илјади евра.