Додека траат препукувањата меѓу власта и опозицијата за новиот Закон за опојни дроги, со кој се регулира производството на марихуана за медицински цели, уште една офшор компанија од Кипар добила лиценца за работа – ГМ ЛАЈТ МЕДИКАЛ.
Според податоците од Централниот регистар, оваа компанија е основана само еден месец пред да ја добие лиценцата (11.12.2019), при што како сопственици се јавуваат две офшор компании со седиште во Кипар – Блек Глов Солушнс и Крикамара Инвестментс, додека управител е Гркот Констатинос Караниколау.
Како што веќе објави Фокус, неодамна лиценца за медицинска марихуана добила уште една кипарска компанија – Њу Гарден Фарма, односно Њу Гарден Фарма Лимитед, како и уште неколку други компании, меѓу кои Ендо Кана, Греен Медикал, Лифе Плант, ЦБД Медлплант, Канбио Медикал.
В.С.