Уште една недела за попис, досега се попишани 1.309.840 лица

by fokus

Заклучно со вчера до 20 часот, во земјава се попишани 1.309.840 граѓани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Кога станува збор за домаќинствата, попишани се 405.266, а бројот на попишани станови изнесува 556.415.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле 193.982 лица.

Пописот започна на 5 септември, а ќе трае уште една недела односно до 30 септември.

Поврзани новости