Уште еден уапсен за поврзаност со камионот во кој беа пронајдени 39 мртви лица

by Фокус

Ирската полиција соопшти дека уапсила машко лице кого британските власти го бараат во врска со случајот со камионот-ладилник, во кој на југоистокот од Англија беа пронајдени 39 мртви лица, објавија медиумите во САД.

Осомничениот бил уапсен во пристаништето во Даблин, со што бројот на приведени лица во овој случај се зголеми на пет, меѓу кои е и возачот на камионот Морис Робинсон, против кого веќе е покренато и обвинение за убиство на 39 лица.

Британската полиција се обидува да ги идентификува жртвите кои потекнуваат од Азија, што оди тешко бидејќи кај нив биле пронајдени многу малку документи за лична идентификација.

Во тек е големата полициска истрага од ирската граница, преку континентална Европа до Виетнам, од каде што се верува дека потекнуваат многумина од жртвите, кои најверојатно се качиле во „камионот на смртта“ во Белгија.

Засега, не е познато дали мигрантите замрзнале или се задушиле.

Поврзани новости