441
Министерството за внатрешни работи уапси уште еден осомничен во акцијата „Келија“ во којашто беа уапсени и идентификувани лица кои се сомничат дека војувале во редовите на Исламската држава во Сирија.
Осомничениот бил приведен вчера.
Во акцијата беа уапсени деветмина лица, а полицијата трага по 27 лица, од кои за 20 од нив постои сомнение дека се се уште на боиштата во Сирија.