Уште еден соработник на Путин поднесе оставка

by Fokus

Блискиот соработник на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеј Кудрин денеска поднесе оставка.

Тој беше директор на рускито Одбор за ревизија, а претходно беше министер за финансии, како и заменик премиер.

Кудрин во текот на целата кариера беше близок сојузник на Путин. Тој е највисоко рангиран функционер, кој поднел оставка по инвазијата врз Украина.

Тој наведе дека сака да се фокусира на „големи проекти“, но додаде дека се уште не одлучил што ќе работи по оставката.

Се претпоставува дека Кудрин по заминувањето од власт би се вработил во рускиот технолошки гигант Јандекс.

Поврзани новости