Мета: Ние сме за европска Албанија а не полициски режим

by Fokus

Лидерот на Партијата на слободата и поранешен албански претседател, Илир Мета, по едночасовната средба со лидерот на фракцијата на Демократската партија, Сали Бериша, за медиумите потврди дека не се откажуваат од антивладинот протест на 6 декември, кога во Тирана почнува дводневниот Самит ЕУ-Западен Балкан. 

Тој рече дека ќе бидат пред оние кои ја заробиле државата и го поткопуваат евроинтегративниот процес, јави дописничката на МИА од Тирана.   

– Не е работа на полицијата, туку на Уставот. Ние сме за европска Албанија, а не за полициски режим. На 6-ти пред одговорните за заробување на државата и поткопување на евроинтегративниот процес. Безбедноста на Европа е загрозена од мафијата која и се заканува на државата Албанија да ја претвори во логистичка база на мафијата. Безбедносниот проблем не доаѓа од граѓаните на Тирана и оние од цела Албанија кои протестираат, рече тој. 

Поврзани новости