621
Чешкиот министер за здравство Петр Аренбергер ќе поднесе оставка и ќе биде заменет со поранешниот министер Адам Војтех, соопшти денеска чешкиот премиер Андреј Бабиш.
Аренбергер е четвртиот министер за здравство во земјата од почетокот на пандемијата на ковид-19 во март 2020 година. Пред него министер за здравство беше Јан Блатни.
Војтех на 21 септември минатата година поднесе оставка поради критиките за справување со здравствената криза по зголемувањето на случаите на коронавирус во земјата. По него, министер за здравство беше Роман Примула.