Ќе остане ли СЗО без пари?

by Fokus

Светската здравствена организација (СЗО) се соочува со недостиг на пари, што веќе се одразува за тековните операции, изјави денеска Мајкл Рајан, извршен директор на Програмата за итни здравствени случаи на СЗО, во разговор со министрите за здравство на земјите-членки.

Тој истакна дека СЗО во февруари побарала 1,96 милијарди американски долари за да одговори на пандемијата на корона вирусот оваа година и предупреди дека недостасуваат околу 70 проценти од таа сума.

– Ова претставува закана за СЗО затоа што не е во состојба да ги одржува своите витални функции и да одговори на итните приоритети. Ризик е СЗО да не може да обезбеди брза и флексибилна поддршка за земјите во неволја, изјави Рајан.

Поврзани новости