Грануломатозна пневмонија приченета од габична – аспергилус инфенкција (Pneumonia granulomatosa gravis-aspergilosa) и ненавремено превенирање се причина за угинувањето на две единки од бебиња пингвини во мај и јули годинава, покажаа наодите по обдукцијата на Факултетот за ветеринарна медицина на барање на Зоолошката градина Скопје, дознава Телма.
За актуелното раководство на Зоолошка Скопје до ова немало да дојде доколку грижата била на повисок степен.
-Заради ненавремено реагирање и несоодветен третман од страна на ветеринарка во ЗОО ветеринарката Весна Левајковиќ Трајков, вработена во ЗОО во време на раководство на ВМРО-ДПМНЕ за која и покрај тоа што во 2012 година е добиено решение за неуспешност во работењето, истата продолжува со несоодветно постапување и негрижа, за што е поднесена соодветна кривична пријава и врачено решение за отказ од установата, потврдено од страна на Управниот одбор на ЗОО Скопје, соопштија од Зоолошка градина Скопје