Иначе од другите позначајни вести треба да се издвои и напомене дека според најновите резултати од анкетата спроведена од институтот „Димитрија Чуповски“, владејачката ВМРО-ДПМНЕ убедливо води пред опозициската СДСМ.
Исто така битно е да се знае дека според анкетата, разликата е многу голема, дупло поголема, споредено со онаа разлика која Македонија како трета најсиромашна земја во Европа ја има и макотропно се бори да ја сузбие, и од Албанија го превземе второто место на листата „НАЈСИРОМАШНА ЗЕМЈА ВО ЕВРОПА“.
За златото ич и да не правиме муабет, нема држава која нашиот премиер не ја посети, а бизнисмените од истата сериозно не беа заинтересирани да инвестираат во Македонија, каде во иднина се планира да се отворат нови работни места (стави број поголем од 1000, добро и многу звучи), и конечно да биде оствареното она кое веќе со аманет е оставено „по еден вработен од секоја фамилија“.
Среќен ви Петок 13-ти, ако нешто повеќе од ова погоре ви значи.