Уште две деца се позитивни на Ковид-19 во струмичката централна градинка, јавува Телма. Станува збор за деца од истата група коишто се во изолација по првиот случај потврден пред два дена.
Засега не може да се потврди дека станува збор за поврзаност со првиот случај на Ковид – 19 во групата, бидејќи едно од децата коишто денеска се регистрирани како позитивни воопшто не се сретнало со првото позитивно дете, додека другото било во контакт само еден ден. Не е исклучена можноста да станува збор за пренос на вирусот од други лица во кругот на семејствата коишто можеби се носители на вирусот, но немаат симптоми.
Првиот случај во струмичката градинка е регистриран пред два дена, а детето било во градинката само три дена од отворањето на 9 септември, до викендот. Детето го добило вирусот од член на семејството.