474
Еден инфектолог и една медицинска сестра од хируршка сала на Одделението за ортопедија се позитивни на коронавирус, со што бројката на заразени здравствени работници во штипската Клиничка болница сега изнесува шест, информира директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев, на денешната прес-конференција.
По итната операција на пациент минатиот петок, во самоизолација се наоѓаат четири здравствени работници, а една медицинска сестра е позитивна.
Директорот Ѓеорѓијев рече дека се спроведени епидемиолошки анкети со вработените во овој оддел, по што од страна на болницата се преземени мерки.
Ѓеорѓијев очекува деновиве работата на Инфективното одделение да се нормализира, со враќање на 10 здравствени работници.