САД донираа заштитна опрема за здравствените работници

by Fokus

САД  донираа заштитна медицинска опрема за борба против Ковид-19, која се состои од различна заштитна облека – маски, одела и друго, наменети за лекарите, за епидемиолозите и останатите здравствени работници.

Донацијата која ја предаде американската  амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнс ја примија вицепремиерот Бујар Османи во улога на национален координатор за распределба на странска помош во земјава и министерот за здравство, Венко Филипче.

„Оваа опрема им се става на располагање на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, на кои секако им е најпотребна, имајќи предвид дека опремата ќе ја користат медицинските лица кои се првата одбрана на земјата од епидемијата“ – истакна Османи.

Поврзани новости