Уште двајца нови „предавници“ во Центар!

by Фокус

Како што дознаваме еден од советниците е од СДСМ, а другиот од партија коалициски партнер на најголемата опозициска партија. На „Фокус“ му се познати имињата, но нема да ги објави бидејќи се обидуваме да стапиме во контакт со нив.

Инаку, дилемата дека некој од опозициските советници ќе премине на страната на ВМРО-ДПМНЕ се појави откако, по барање на оваа партија, на дневен ред за в петок се ставија три урбанистички планови- Тасино чешмиче, Капиштец-Водно и Мал Ринг. Доколку се усвојат, зградата на ГТЦ ќе се облече во барок, а и ќе се прошири, а исто така ќе никне и нов хотел, десетокатница на Водно.

Денеска на прес конференција, градоначалникот Андреј Жерновски, јавно ги сподели сомнежите токму за вакво сценарио, иако се типуваше главно на Шиповиќ.

-Во септември советот гласаше за недонесување на овие планови, а истите претходно беа и тргнати од дневен ред, иако на градоначалничкото место седеше Владимир Тодоровиќ. Сега плановите повторно се ставени на дневен ред, што мислам дека не е случајно, сигурно очекуваат поддршка, изјави Жерновски.

Според информациите на Фокус, „центарци“ вечерва се на координација со Радмила Шекеринска во СДСМ.

Поврзани новости