Уште 9 починати од корона, вкупната бројка е 7.674

by Fokus

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (87г, 78г и 62г) и по едно починато лице од Кавадарци (60г), Струга (83г), Струмица (72г), Кочани (59г), Штип (73г) и Свети Николе (86г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од МојТермин, пријавени се 7 починати лица со датум на смрт од 22.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Велес (2), Скопје (1), Гостивар (1), Охрид (1), Струмица (1) и Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 44 до 82 години. Две лица се починати во домашни услови и пет лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.488.688 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, а бројот на активни случаи изнесува 5.627.

Поврзани новости