Кривичен суд му го продолжи притворот за уште 30 дена на Габриел Бајрам, советник во Град Скопје и син на починатиот пратеник Амди Бајрам за инцидентот во „Аквадукт“, иако осомничениот се жалеше на осумдневниот притвор.
Информацијата ја објави „А1он“, но засега нема официјална потврда од Кривичниот суд.
Судот одлучил дека осомничениот за насилство треба да остане уште 30 дена во затворот „Скопје“ кој се наоѓа во Шуто Оризари поради реална опасност од бегство.
Особено битно боло тоашто тој има условни казни кои сега може да значат и затвор доколку се потврди дека сторил насилство. Бајрам, не еднаш, туку повеќе пати е осудуван за ваков вид кривични дела. Дополнителна причина за продолжување на притворот и покрај жалбата е фактот што судот се сомнева дека Бајрам може да го повтори делото.
Инцидентот се случи на 28 јули околу 23.20 часот кога Габриел со син му Валентин го истепале шанкерот, а потоа оштетиле дел од инвентарот.