Во изминатото деноноќие, пријавени се вкупно 25 починати лица како последица од ковид 19 на возраст од 61 до 91 година. Притоа, 5 пациенти се од Скопје, 3 од Тетово, по 2 од Прилеп, Гостивар и Кавадарци и по еден од Штип, Велес, Охрид, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Истовремено, регистрирани се 524 оздравени пациенти од: Скопје – 347, Прилеп – 42, Куманово – 21, Битола – 16, Тетово – 13, Велес и Гевгелија – по 12, Кочани – 10, Гостивар – 9, Берово – 8, Струмица – 6, Валандово – 5, Крушево – 4 , Свети Николе, Кратово, Пробиштип и Пехчево – по 3, Кичево – 2, Кавадарци, Охрид, Крива Паланка, Демир Хисар и Дојран – по 1.
Досега, во земјата се направени вкупно 590.276 тестирања, а вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 119.378, бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати е 3.473, а бројот на активни случаи изнесува 15.131.