Уште 19 заболени од корона вирус, шест ја изгубија битката

by Fokus

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.456 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-1 од:
Скопје – 5, Куманово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2, Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 1.

Регистрирани се 26 оздравени пациенти од Скопје – 8, Куманово – 4, Радовиш и Кратово – по 3, Штип – 2, Гостивар, Кочани, Прилеп, Свети Николе, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (69г и 83г) и по едно лице од Радовиш (52г), Тетово (77г), Кичево (74г) и Струмица (80г). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.

Направени се 2.456 тестови преку: ИЈЗ-346, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-50, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–30, ЦЈЗ Куманово–17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 2, ГОБ 8-ми Септември-16, Институт за микробиологија–4, МАНУ-53, Жан Митрев (Филип Втори)-146, Авицена-194, Биотек-384, Систина-97, лабораторија Лаор-204, Синлаб-85, Ремедика-53, Плодност–46, Генеа–26, Никоб лаб-71, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 528.

Досега во земјата се направени вкупно 804.728 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.364, бројката на оздравени пациенти е 148.872, на починати е 5.435, а бројот на активни случаи изнесува 1.057.

Поврзани новости