742
Во изминатото деноноќие, регистрирани се 416 оздравени пациенти од ковид 19, а починале 16 лица.
Притоа, 8 починати се од Скопје (88, 82, 82, 76, 72, 72, 71 и 64), 3 од Куманово (80, 71 и 65) и по едно од Струмица (71), Тетово (61), Охрид (85), Штип (86) и Берово (45). Како што соопшти Министерството за здравство, сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Досега, во земјата се направени вкупно 1.261.880 тестирања на ковид 19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 188.113, бројката на оздравени пациенти е 169.116, на починати е 6.511, а бројот на активни случаи изнесува 12.486.