Уште 12 починати од ковид

by fokus

Во изминатото деноноќие, регистрирани се 459 оздравени пациенти заразени со ковид 19, а починале 12 лица.

Притоа, 6 биле од Скопје (73, 72, 67, 61, 49, 46), 2 од Кочани (66, 63) и по едно од Прилеп (80), Охрид (77), Куманово (77) и Велес (48). Сите починале во болнички услови.

Досега, во земјата се направени вкупно 1.330.304 тестирања на ковид 19, а вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 195.542, бројката на оздравени е 182.078, на починати е 6.875, а бројот на активни случаи изнесува 6.589.

Поврзани новости