Уште 12 кривични пријави против Специјалното обвинителство

by Фокус 11:15
11:15

Продолжува да расте бројот на поднесени кривични пријави против Специјалното јавно обвинителство. Викендов поднесени се уште 12 кривични пријави против тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Сите пријави се поднесени од различни физички лица, а се однесуваат за кривично дело – малтретирање при вршење на служба. Кривичните пријави се поднесени против непознати лица во Специјалното јавно обвинителство.

Досега против Специјалното јавно обвинителство се поднесени вкупно 19 кривични пријави. Од Специјалното обвинителство ставот беше дека тие постапуваат согласно законските процедури.

- Advertising -

Поврзани новости