Ванхојте на билатерални средби со партиите за медиумите

by Фокус

Откако на средбите на работната група за спроведување на Договорот од Пржино партиите останаа зацементирани на своите предлози за регулацијата на медиумите, посредникот Питер Ванхојте, како и во петокот, ќе продолжи да остварува билатерални средби со политичките партии со цел доближување на ставовите.

Минатата недела на последната средба на работната група, СДСМ достави предлог-закон за медиумите кој се темелеше на предлогот на Питер Ванхојте. Од ВМРО-ДПМНЕ го одбија овој предлог со образложение дека е противуставен и катастрофален. Преходно и од владејачката партија доставија предлог, кој беше одбиен од СДСМ со образложение дека врши партизација на МРТ и Агенцијата за медиуми.

Поврзани новости