431
Претседателот на Судскиот совет, Бранко Ушковски, чиј мандат завршува во вторник, на 12 април, ќе остане на оваа позиција, најмалку уште 4 месеци, бидејќи Собранието премолчано му го продолжи мандатот, не избирајќи негов наследник, пишува порталот Сведок.
Парламентот пред месец и половина објави оглас за избор на член на Судскиот совет од редот на „истакнати“ правници, адвокати или професори, кој се избира во Собранието, но до денот на распуштањето, иако завршија роковите за пријавување и имало кандидати, Комисијата за избори не утврди кандидат за нов член на Советот.