507
Урнати оџаци, распукани тавани, оштетени коли и падната тераса е билансот од денешениот земјотрес од 5 степени што го здрма Охрид, по серијата од над 800 во последните неколку денови.
Надица Вчкова од Центарот за управување со кризи изјави дека веќе добиле известување за пријавени штети од Центарот за управување со кризи во Охрид.
– Имавме пет-шест пријави на штети од граѓани. Охриѓани се пожалија на разурнати оџаци, испукани тавани, оштетени коли и паднати дрвја. Тоа е засега бројот и видот на пријавените, штети“, рече портпаролката Вчкова.
Од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) велат дека беспотребно се шири паника и дека земјотресите се резултат на вулканска активност на Косел.