Урко веќе не е бодигард на Груевски

by Фокус

Дејан Митровски-Урко веќе не е дел од обезбедувањето на премиерот Никола Груевски, објави денешното издание на весникот „Дневник“.

Според весникот, неофицијално тој бил суспендиран поради недоволна посветеност на професионалните обврски и непочитување на професионалните стандарди поврзани со угледот на вработениот, како и поради намален фокус на обврските. Тој денеска не е достапен за новинарите да ја раскаже својата страна од приказната, додека од полицијата за другите медиуми веќе потврдија оти е суспендиран од работната позиција и веќе не го обезбедува претседателот на Владата.

Митровски го придружува премиерот уште од времето кога Груевски беше опозиционер и во овие осум години редовно е веднаш до премиерот, меѓутоа не се појави во скопскиот суд во вторникот кога премиерот присуствуваше на рочиштето од судскиот процес против лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Урко беше интересен за медиумите пред две години кога магистрираше, додека тој е познат и како кик-боксер.

Поврзани новости