Урко не се појави на денешното рочиште во предметот Тенк, адвокатите на Груевски не можеа да го добијат на телефон

by Фокус 14:10
14:10

Адвокатите на Никола Груевски не успеаа да го пронајдат Дејан Митревски – Урко, кој денеска требаше да сведочи во рамки на случајот Тенк за набавката на мерцедесот.

Митровски не се појави во судница, па судијката Добрила Кацарска и наложи на одбраната да го побара телефонски.

Но, како што рекоа тие, до крајот на рочиштето не успеале да го добијат на телефон.

Доколку тој не се појави и на наредното рочиште, Кацарска најави дека ќе го избрише од листата на сведоци.

Инаку, на наредното рочиште ќе се презентира изготвеното вештачење, а одбраната ке презентира писмени докази.

В.В.

Поврзани новости