518
Адвокатите на Никола Груевски не успеаа да го пронајдат Дејан Митревски – Урко, кој денеска требаше да сведочи во рамки на случајот Тенк за набавката на мерцедесот.
Митровски не се појави во судница, па судијката Добрила Кацарска и наложи на одбраната да го побара телефонски.
Но, како што рекоа тие, до крајот на рочиштето не успеале да го добијат на телефон.
Доколку тој не се појави и на наредното рочиште, Кацарска најави дека ќе го избрише од листата на сведоци.
Инаку, на наредното рочиште ќе се презентира изготвеното вештачење, а одбраната ке презентира писмени докази.
В.В.