789
Дејан Митровски-Урко, кој пред неколку дена беше избран за член на Бордот на Светската Кик бокс- федерација во изјава за „Фокус“ вели дека нема повеќе политика, туку со силно темпо му се враќа на спортот.
– Ова ми дојде како изненадување. Во моментот во салата Борис Трајковски“ се одржува настан во кик бокс на кој има 1550 учесници од 38 земји. Настанот ќе трае од 5 до 10 септември, а јас сум негов организатор. Секогаш на прво место ми бил спортот и така планирам и да остане. Ќе се посветам максимум на тоа – истакна Митровски за „Фокус“.
Митровски речиси десет години му беше шеф на обезбедувањето на Груевски. Тој својата кариера како обезбедување на екс премиерот ја заврши во 2014 година.
В.К.