410
Петтото продолжение од „бомбите“ на СДСМ е посветено на станбениот објект „Косомос“ изграден од бизнисменот и политичар Фијат Цановски и како власта договарала да му биде срушен.
Уште кога надлежните органи со експлозив ја рушеа зградата имаа објаснување дека не ги исполнувал условите за градба, односно дека претерал со висината на незавршениот објект, се појавија сомнежи во јавноста дека зад целиот случај стои политика, односно обидот на Цановски да не стане послушник на власта.
„Сурово и одмазнички Груевски и соработниците се рушу милионската инвестиција на Цановски. Целта е одмазда кон него“- рече Заев
Инаку, во моментов за обејктот се води судски спор, а беше најавено дека случајот ќе заврши и во Стразбур.