Ураганот Ирма стигна до јужниот дел на Флорида и веќе ги погоди јужните острови, а наскоро се очекува да го зафати и југозападниот дел од копното.
Последните информации што ги пренесуваат американските медиуми е дека се движи со брзина од 130 километри на час.
Мајами е речиси испразнет, личи на град на духови, пренесуваат медиумите. Околу 500.000 луѓе во Флорида се без електрична енергија, а апелите за спас од најкатастрофалната бура што ја погодила оваа сојузна држава не стивнуваат. Наредена е евакуација на седум милиони граѓани.
„Ако ви е наредено да се евакуирате, трепа да заминете веднаш. Ова е последна шанса да донесете добра одлука“, апелираше и гувернерот Рик Скот.
Според објавените фотографии на социјалните мрежи и во медиумите, местата за евакуација се преполни.
Најголеми штети Ирма досега предизвика во Куба.
Билансот на жртви засега изнесува 25.