Управниот суд засега ја спаси гаражата на семејството Петковски од Јакимовски и Ристовски

by Fokus

Управниот суд донесе Решение за времена мерка со која и се забранува на Општина Карпош да презема какви било дејствија, сè до правосилно завршување на судската постапка за легализација на објектот гаража на семејството Петковски во Тафталиџе.

„Мојата гаража не ја давам, дај ја Стевче ти твојата“ му порача на протестот од пред некој ден сопственикот на гаражата која општината сака да ја урне на градоначалникот Стевчо Јакимовски. Со сопственикот на гаражата се солидализираа соседите кои симболично ставија рака на гаражата.

Сопственикот на гаражата смета дека општината сака да му ја сруши гаражата за да му направи пат на поранешниот министер Спиро Ристовски до неговата парцела.

Тука се води спор околу сопственоста на гаражата, бидејќи освен семејството Петковски кое со години ја користи гаражата, како сопственик се јавува и поранешниот министер за образование, Спиро Ристовски.

Семејството Петковски поднесе кривична пријава против градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски и против уште петмина вработени во Општината за злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување службена исправа.

Поврзани новости