Обвинет во случајот „Титаник“ се јавувал како сведок и во случајот „ТНТ“, бара да му биде вратен пасошот

by fokus

Вработен во Агенцијата за разузнавање, Кирил Тодоровски, кој е обвинет во случајот „Титаник“ се жали што му е одземен пасошот и што треба да се јавува еднаш неделно во судот. Тодоровски се јавува и како сведок во случајот „ТНТ“ за набавка на мерцедесот на екс премиерот Никола Груевски, пишуваат од А1он.

Неговата адвоката, Сања Алексиќ, очекува да бидат укинати мерките за претпазливост бидејќи не биле наведени основите на сомнение за кривичното дело за кое Тодоровски се товари.

 

Поврзани новости