Управниот суд вечерва ќе објави одлука за Академијата за судии и обвинители

by fokus

Академијата за судии и јавни обвинители и Државната комисија за спречување корупција ги соочија доказите пред Управниот суд, за приговорот на кандидатката за претседател на Македонија Гордана Силјановска – Дафкова.

Антикорупционерите и професорката Дафкова сметаат дека Академијата го прекршува Изборниот законик, бидејќи во моментов види постапка за селекција на 130 слушатели за идни обвинители и судии.

Директорката на Академијата, Габер –Демјановска тврди дека процесот бил планиран уште лани, а целата постапка за произведување на нови судии и обвинители била итна и неодложна поради недостатокот на кадар во судската власт.

Антикорупциската комисија се децидни дека раководството во Академијата ја одолговлекувало постапката за 130 слушатели, не била ажурна, и не ја спровела пред почетокот на изборниот период иако имале доволно време.

И пред Управен суд профорката Силјановска-Давкова го бранеше ставот дека Академијата за судии го прекршува Изборниот законик со тоа што во моментов води постапка за вработување на 130 слушатели за идни обвинители и судии, со аргументи слични на Антикорупцонерите.

Судечки совет од Дитурије Елези Незири, Ана Герасимовска и Даниела Антовска, сите судии во Управниот суд, одлуката ја најавија за вечерва во 22 часот.

Поврзани новости