Управниот суд почна да ги разгледува тужбите против одлуките на ДИК

by fokus

Судечките совети при Управниот попладнево почнаа да ги разгледуваат тужбите поднесени од партиите против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата.

Како што информираа од Судот за МИА, поднесени се вкупно 27 тужби, од кои 24 поднела ВМРО-ДПМНЕ, две ТМРО и една е од Левица.

Судечките совети на Управниот суд по овие тужби треба да се изјаснат 48 часа од нивното поднесување. По тужбите ќе одлучуваат пет судечки совети составени од по петмина судии од Управниот суд избрани по пат на жрепка. Тужбите електронски им се распоредуваат на судиите, а одлучувањето ќе биде на јавни седници.

Поврзани новости