392
Со образложение дека е беспредметна, Управниот суд ја отфрли тужбата што ја поднесе заменик министерот Диме Спасов против министерката Ременски, денеска соопшти таа.
Станува збор за случајот кога министерката Ременски во јануари разреши директор во прилепскиот Центар за социјална работа, по што именуваше вршител на должност директор. За овој случај, Спасов поднесе тужба против министерката.
Викендов Спасов поднесе уште 14 кривични пријави против Ременски поради неизвршување на 14 правосилни судски решенија од Управниот суд, кои според него Ременски не ги спроведува.